Министерот за здравство и лидер на АА, Арбен Таравари денеска повторно му препорача на лидерот на ДУИ Али Ахмети повеќе да се фокусира на реформите во партијата и на адаптацијата во опозиција, отколку да бара избори.
Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе, и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
„Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери", изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги изјавите на ДУИ дека ако се допре законот за јазиците, Албанците ќе бидат на нозе.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети се закани дека сите Албанци ќе се кренат на нозе ако се чепне албанскиот јазик и порача дека по никоја цена нема да толерираат да се уништат достигнувањата што ги постигнале со многу крв.