Британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер одби да каже дали земјата ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење, објави Скај њуз.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, доскорешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамс Мухамед Диаб ал-Масри, јавија американските медими, пренесе МИА.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја претседава со Европската унија, денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја осуди како „антисемитска“ одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налози за апсење поради воени злосторства против него и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант.