Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање било изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимера за верижна реакција метода за микробиолошката анализа.
Според добиените резултати, сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки се во согласност со Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, со што е констатирано дека водата од водоснабдителниот систем на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, наведува ЦУК. Fokus