Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на топлата воздушна маса од југ, односно со потекло од Африка, до крајот на оваа недела во нашата Македонија продолжува топлото време со вистински летни температури на воздухот, и тие на многу места ќе се искачат близу 30 степени, а на повеќе места тие ќе надминат 30 степени, додека во Повардарието тие ќе се искачат до околу 36/37 степени.
Влијанието на топлиот бран со потекло од Африка во Македонија продолжува и во следните денови, меѓутоа, особено во четврток и во петок (5 и 6 јуни) поради фронтална долина со поладен воздух во висина која ќе се наоѓа над нашиот дел од Европа, во попладневните и во вечерните часови ќе има локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, најавува Славчо Попоски.