Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
0.00
5.09
0.98/0.00
4.00
0.67
0.17
300.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 2.3
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 2.3
Ekipa

На гости во СЦ „Јане Сандански“ вечерва беше тимот на Теодо, кој ја почувствува силата на македонскиот првак, избраниците на тренерот Атанасов одиграа одличен меч и заслужено триумфираа со 68-50. Од самиот почеток беше јасно дека МЗТ е поквалитетен тим на теренот, „металците“ предводени од Војдан Стојановски експресно се одлепија на 15-7 и го примораа гостинскиот тренер да го земе првиот тајмаут.

Првата четвртина заврши со предност на аеродромци од 21-13, позитива што ја одржуваа до крајот на полувремето (35-24) и покрај слабиот шут од далечина (1/9 за тројка во првите две четвртини). Македонскиот тим нешто послабо ја почна третата четвртина со четири промашени тројки, противникот се приближи на пет поени разлика, пред Маслинко конечно да погоди од далечина за први поени на МЗТ во четвртината на истекот од 24. минута. Ekipa