Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
0.00
6.01
1.34/0.00
5.00
0.86
0.17
357.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 0.1
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 0.1
Sport1

Алкалоид го имаше водството од самиот старт (5-3), а потоа се играше гол за гол до 20. минута од средбата (10-9), по што избраниците на Кире Лазаров имаа одлична серија и на паузата заминаа со 16-12. Пелистер во вториот дел не успеа да го скрши отпорот на Алкалоид и да ја намали негативата, туку напротив екипата од Автокоманда создаде предност од шест погодоци (24-18). Како минуваше времето, така растеше предноста на Алкалоид и до 29-22, по што битолчани станаа свесни дека не може да се вратат во натпреварот, а тоа можеше и да се заклучи по зборовите на тренерот Бранислав Ангеловски на тајм-аутот на осум минути пред крајот, кога почна да прави математики за полесен пораз во случај да се прави мини-табела на првите три екипи на табелата.

Екипата од Автокоманда одигра одлично без грешка до крајот на средбата и славеше со 32-25 за осми триумф оваа сезона во ракометната Суперлига. Sport1