Ветувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија ќе покаже пред Европската Унија(ЕУ) дека ќе биде најдобриот ученик и дека ќе работи на реформите во земјата, немаат допирна точка со реалноста, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „Само интервју” на Канал 5. Според Филипче, легитимно е Владата да има желба да биде најдобриот ученик, но како што потенцира, за сега на секое поле и по сите предмети има само единици.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување на Канал 5 зборуваше за реалноста со која се соочуваат граѓаните под власта на ВМРО-ДПМНЕ и за штетните политики кои директно го влошуваат животот на сите.
Претседавачот со Националниот совет за евроинтеграции Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираа приоритетите на данското претседателство со ЕУ, ги поздрави приоритетите на Данска во однос на проширувањето, коишто, посочи, се многу важни за денешниот геополитички контекст.