Црвено-жолтите со ривалите за пласман на ЕП 2026 официјално одиграле вкупно 17 меча, во квалификациски дуели за пласмани на ЕП или на светски првенства (СП), или настапи на ЕП или на СП. Со фаворитот во групата Словенија најмногу, осум пати (шест порази и две победи), со Литванија три (два пораза и едно реми) и со Естонија шест пати (четири победи и две ремија). Словенија на ЕП настапила 14 пати (27 победи, девет ремија и 43 порази), а најдобриот пласман го има на свој терен, во 2004 година, кога беше втора, а има и по едно четврто, петто место… Таа 10 пати играла на СП. Литванија има учество на две ЕП (две победи, едно реми и шест порази), првото во 1998 (деветто место) и потоа во 2022 година (21. место) и едно учество на СП, во 1997 година (10. место). Естонија сѐ уште нема настап на ЕП и на СП. Македонија осум пати играла на ЕП (осум победи, пет ремија и 24 порази), а најдобриот пласман е петтото место во 2012 година, а и осум пати настапила на СП. Novamakedonija