Засилена борба и нови обвиненија против организиран криминал и корупција најави м инистерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско интервју.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни полициски службеници коишто издавале службени тајни на една од групите од подземјето, истакна дека преку ЕУРОЏАСТ, МВР и Обвинителството имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција добиени преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за меѓусебна комуникација.