По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.
Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, во 11:30 часот, ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а во 12:30 часот, пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата. Biznisvesti