Хорхе Мартин е новиот шампион во Мото ГП, откако заврши на третото место на трката за Големата награда на Барселона.
Тој требаше да биде најмалку деветти за да освои доволно бодови за титулата, па успеа да ја исполни својата цел и првпат во историјата го крена трофејот.
Шпанецот извозе рутински, без преголеми ризици, па со освоеното трето место денеска се искачи на тронот во Мото ГП шампионатот, станувајќи вкупно 3. првак во „кралската категорија“.
Интересно, ова беше 11. победа на Бањаја сезонава, Мартин имаше само три во текот на целиот шампионат, но Шпанецот возеше константно цела сезона, ги користеше грешките на големиот ривал и на крајот заврши пред него во генералниот пласман. Ekipa
Италијанецот доминираше од стартот до целта, но пласманот на Мартин беше доволен за да ја потврди неговата шампионска титула.
На второто место се пласираше Марк Маркез, кој возеше последна трка за тимот на Гресини пред преминот во фабричкиот тим на Дукати, додека Алекс Маркез го освои четвртото место, завршувајќи пред Еспаргаро и Биндер. Sport1
Мартин (26) ја освои првата титула во „кралската класа“ со вкупно 508 бодови, додека заостануваше 10 бода зад двократниот последователен светски шампион Франческо Бањаја од Дукати на второто место во генералниот поредок.
Бањаја беше таа што победи на трката во Барселона, но ниту триумфот не беше доволен за одбрана на титулата светски шампион во мотоциклизам. A1on
Ова беше долга трка, со многу подеми и падови.
Во шок сум, понекогаш се чувствувам дека сакам да заплачам, а понекогаш да се насмеам. Gol
Многу интересно е дека од 20 трки оваа сезона, Шпанецот победи само на три.
Уште поинтересно е тоа што ланскиот првак Бањаја победи дури на 11, меѓутоа пак остана „пократок“ за десет бода (имаше 498, а Мартин 508). Двајцата имаа по 16 подиумим меѓутоа шпанскиот возач беше далеку поконзистентен. Gol
На последната трка за Големата награда на Барселона тој мораше да заврши најмалку осми за да дојде до првата титула во кариерата.
Мартин на крајот финишира на третото место и се израдува на трофејот пред домашната публика. Gol
Првиот светски рекет во два сета го совлада (2-0) и го освои трофејот на финалниот АТП турнир кој се одржа во Торино.
Италијанскиот тенисер Јаник Синер е вториот финалист на АТП-турнирот во Торино.
Италијанскиот тенисер Јаник Синер уште еднаш ја потврди одличната форма оваа сезона, откако денеска славеше против Каспер Руд за само 70 минути и обезбеди финале на завршниот турнир во Торино.
Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило.
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на својот „Фејсбук“ напиша дека се случил вандализам во Капиштец, откако малолетници обиле и управувале багер, и притоа оштетиле возило и каблите од системот за наводнување.
Две ракети синоќа паднаа во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „ сериозен случај“.
Израелската полиција соопшти дека уапсила три лица во врска со синоќешните лесни ракети во вилата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во крајбрежниот град Цезареја, соопштија денеска израелската служба за безбедност Шин Бет и полицијата.
Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Северна Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина.
Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово.
Џејк Пол победи во бокс меч со поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон.
Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, ги сподели своите емоции по поразот во борбата со блогерот Џејк Пол ноќеска во Арлингтон (Тексас, САД). Борбата имаше официјален статус и траеше осум рунди.
Јутјуберот Џејк Пол (27) го победи Мајк Тајсон (58) во професионална борба што се одржа во Далас.
Јутјуберот Џејк Пол победи во бокс меч со поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон.