Во големото апсење во Србија поврзано со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад уапсени се министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија во оставка Горан Весиќ, в.д. директорката на Железничката инфраструктура на Србија Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на компанијата Небојша Шурлани и Анита Додовски, в.д. помошничка на министерот за железнички и интермодален транспорт.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.