Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
3
0.00
5.68
0.38/0.00
3.00
0.72
0.24
210.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 3
2 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 0.0
Best clustering variants
2 0.99/0.01 2 0.0
Sport1

Ракометарите на Алкалоид одиграа уште еден одличен натпревар и направија голем чекор кон осминафиналето откако денеска во Скопје го победија Австрискиот Вест Виен со 38-27. Освен почетните моменти кога гостите поведоа со 0-2 натпреварот помина комплетно во знакот на македонскиот претставник кој доминираше на теренот.

Брзо избраниците на Кире Лазаров наметнаа темпо кое противникот не можеше да го следи, па предноста на средина од првиот дел изнесуваше и највисоките седум разлика (13-7). Таа предност Алкалоид ја одржуваше и до пред крајот на првото полувреме кога Вест Виен успеа да намали и на одмор да замина со шест негатива (17-11). Добрата игра на Алаклоид продолжи и во вториот дел, па така стигнаа до двоцифрено водство (26-16). До крајот на средбата сликата во Автокоманда не се промени, па Алкалоид оствари убедлив триумф од 11 голови со кој веќе со една нога е во осминафиналето. Sport1