Денеска Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО Скопје заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ во врска со член 22 „соизвршителство“ од КЗ поднесе кривична пријава против Ѓ.Т. (49) од Скопје, извршен директор на А.Д. Градски трговски центар – Скопје во временскиот период 2017 – 2024 година, Г.И. (48) од Скопје, вработен во А.Д. Градски трговски центар – Скопје, Д.С. (48) во Скопје, вработен во А.Д. Градски трговски центар – Скопје и С.Т. (50) во Скопје, вработен во А.Д. Градски трговски центар – Скопје. мено, лицата делото го сториле така што второпријавениот Г.И. во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, заедно со третопријавениот и четвртопријавениот Д.С. и С.Т., членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка, во текот на 2020 година со неизвршување на својата службена должност постапиле спротивно на одредбите на законот за јавни набавки и спровеле постапка за јавна набавка за потребите на А.Д. Градски трговски центар – Скопје во која неосновано ја отфрлиле понудата на економски оператор од Скопје, иако согласно бараните критериуми во тендерската документација не постоеле услови за отфрлање, при што од двајца понудувачи, како единствена понуда за евалуација останала понудата од друг економски оператор од Скопје, која била речиси двојно поскапа.
На 17.12.2024 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ во врска со член 22 „соизвршителство“ од КЗ поднесе кривична пријава против Ѓ.Т. (49) од Скопје, извршен директор на А.Д. Градски трговски центар – Скопје во временскиот период 2017 – 2024 година, Г.И. (48) од Скопје, вработен во А.Д. Градски трговски центар – Скопје, Д.С. (48) во Скопје, вработен во А.Д. Градски трговски центар – Скопје и С.Т. (50) во Скопје, вработен во А.Д. Градски трговски центар – Скопје.