Само минатата недела се пријавени 139 случаи на грип, што претставува зголемување за 17,8 отсто во однос на периодот од 9 до 15 декември, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Деведесет и пет лица се на возраст од 15 до 64 години.
Во текот на 51. недела од 2024 година, од 16 до 22 декември, во Македонија се пријавени 139 случаи на групни пријави за заболени од грип- заболувања слични на грип, 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен утрово.