Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал за падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев, соопшти прес-службата на Кремљ.
Рускиот претседател Владимир Путин му се извини на Илхам Алиев, претседателот на Азербејџан, за, како што рече, „трагичниот инцидент“ во рускиот воздушен простор и соборувањето на патничкиот авион на Азербејџан Ерлајнс, кој се урна во Казахстан пред три дена.