Селекторот Лазаров се реши за Митревски на голот, Лазаревски како пивот и во срцето на одбраната, потоа Костески и Петар Атанасијевиќ на крилните позиции, додека бековското трио од стартот го сочинуваа Кузмановски, Велковски и Митев (се менуваше напад-одбрана со Никола Маркоски). Митев го реализираше нашиот прв напад, но Унгарците беа прецизни во своите први два напада (0-1 и 1-2). Противникот лесно ја пробиваше нашата одбрана и во 6. минута имаше водство од 2-5, пред се благодарение на одличниот Зоран Илиќ, кој постигна четири од петте гола на својата селекција. Ekipa