Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски смета дека е потребно да се набави нов државен авион, па и половен, за службени патувања на владините функционери во странство, оти постојниот е стар дваесетина години, има шест седишта и не ги задоволува потребите.
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека разгледува различни опции за тоа на кој начин Владата треба да продолжи да купува возила за потребите на претседателот, премиерот, министрите, директорите и поранешните претседатели.