Предноста од играч повеќе ја искористивме со гол на Лазаревски и наша прва предност од три погодоци (7-4, 17. минута). За жал, потоа следеше пад во нашата игра, по што Австрија за помалку од две минути израмни на 7-7. Одговоривме со голот на Митев и на Кузмановски (од пенал), по што австрискиот селектор во 21. минута го побара првиот тајмаут на мечот при наше водство од 9-7. „Фалангата“ беше во значително помал број во однос на првата фаза, но присустните во салата им даваа голема поддршка на нашите ракометари. Ekipa