На денешното рочиште од судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, продолжи распитот на таткото на малолетната жртва Вања, Александар Ѓорчевски, кој во петокот, на 11 април одговараше на прашања на обвинителството.
„Цитроенот“ возел полека, како изгубен и без крајна дестинација за разлика од другите возила кои во критичниот период на 27 ноември 2023 година вртеле од Илинденска кон Наум Наумовски Борче, рече Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, кој денеска одговараше на прашања на судијата Ивица Стефановски.