Во натпревар со мошне брз ритам и транзиција на теренот, во кој беше видена ревија на голови, вкупно 79, Алкалоид одигра подобро во последните петнаесетина минути, кога и успеа да обезбеди опиплива предност против норвешки Рунар Сандефјорт, славејќи со 42-37 Единствениот македонски претставник во ракометна Европа, скопски Алкалоид, со солидна предност од пет гола ќе патува во Сандефјорт, откако во првиот полуфинален натпревар во Европскиот куп (ЕК) го победи во Скопје норвешкиот претставник Рунар Сандефјорт со 42-37 (полувреме 21-20), предводен од тренерот Бјарте Мирхол, познатиот легендарен норвешки пикер и поранешен соиграч на Кирил Лазаров во унгарски Веспрем.
Ракометниот клуб Алкалоид на домашен терен го победи РК Рунар Сандефјорд со 42:37 во првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп на ЕХФ.