Ракометарите на Алкалоид оствари историски успех пласирајќи се во големото финале на ЕХФ Европскиот куп откако денеска загубија на пенали од Рујнар Сандефјорд, откако реваншот во Норвешка заврши со идентични пет гола разлика за домаќините како што тоа беше случај и со првиот меч во Скопје.
Успехот е уште поголем ако се знае дека Алкалоид повторно беше без Марко Митев, но и без повредениот капитен Ѓоргиев, но и во отсуство на овие двајца ракометари македонскиот тим собра сили да стигне до историски резултат (35-32, 34-29 по регуларните 60 минути игра). Мечот почна со фуриозна игра на норвешкиот претставник, кој за нецели седум минути ја анулираше негативата од првиот меч, поведувајќи со 6-1. Лазаров беше принуден да побара тајмаут во раната фаза од мечот, но советите на тренерот на Алкалоид го разбудија неговиот тим.