После осум години Фенербахче е новиот европски првак во кошаркаКошаркарите на Фенербахче се новите европски шампиони, откако во неделата во финалето на Фајнал Фор во Абу Даби, ОАЕ, го победија Монако со 81:70. Турскиот гигант ја освои втората титула во историјата, а најзаслужен за триумфот беше српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ.
Капитенот на Фенербахче, Мелих Махмутоглу, му препушти на Марко Гудуриќ да го подигне трофејот наменет за осовојувачот на Евролигата.