Во своето гостување во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Владата за лицемерен однос кон повиците за национален консензус во врска со европските интеграции и преговорите со ЕУ. „Сметам дека е лицемерно премиерот ден-два претходно да повикува на национален консензус, а притоа да не е спремен да седне на маса и да дебатираме што е битно за националниот консензус”, рече Филипче.
Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека скандалот на Онкологија се случил во времето кога министер за здравство бил Венко Филипче, повикувајќи го Јавното обвинителство да постапува и да не ја истражи неговата улога во скандалот со Онкологија.
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче дека ќе предложи точки за лидерска средба, изјави дека нема потреба од такво нешто.
ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да ја испита улогата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче за случајот Онкологија, и да не го иззема од случаите настанати во негов министерски мандат.