Вицепремиерот Изет Меџити, коментирајќи ги последните постапки на градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска и „ловот“ на дивоградби, рече дека очекувале таа да даде одговор за нереализацијата на проектите, но, како што вели, таа се обидува да игра улога на инспектор и контролор која според него ја нема во своите надлежности.
Доцна вечерва градоналачалничката на град Скопје Данела Арсовска, пак, ја осуди ваквата, како што стои во соопштението, герила акција на Ганиу, која ја оцени како притисок и обид да се пресмета со неа, по објавувањето изминативе денови, на негови наводни криминални зделки со дивоградбите.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во ново видео обраќање на нејзината официјална Фејсбук страница, остро го нападна градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, обвинувајќи го за сериозни нерегуларности и злоупотреби при легализација на дивоградби.