Ја свикувам оваа прес – конференција за да дадам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Практично Арсовска документирано и покажа на целата македонска јавност, пред сите надлежни институции, она што веќе го знаат милион и осумстотини и шеесет илјади граѓани, каде во оваа држава се гради на „диво“, каде се узурпира градежно државно земјиште, каде се легализира колективно, деловно и индивидуално земјиште сé по едно евро и каде се злоупотребува законот за легализација на бесправно изградени објекти“, посочи Јакимовски.