Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници на Војската на Црна Гора (ВЦГ) во Мисијата за воена помош на Европската унија за Украина (EUMAM UA).49 пратеници гласаа за одлуката, а тројца беа воздржани.
Министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, денеска потпиша финансиски договори со Европската Унија во вредност од 80 милиони евра за повеќегодишни програми за заштита на животната средина, вработувања и социјална инклузија, пренесе агенцијата Мина.