Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведени две дисциплински постапки, утврди дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител, Јован Цветановски, од истата институција сториле тешки дисциплински повреди, согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје сториле тешки дисциплински повреди од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки.