Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека до македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Република Северна Македонија.
Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”.– Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве.
Министерството за надворешни работи се огласи по смртта на девет годишното девојче со македонско потекло, кое се удави.
Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”.