Instagram / rutecfcardoso14 Два дена пред тешката сообраќајката во која загинаа фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, неговата сопруга Руте објави фотографии на Инстаграм од нивната свадба.
Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа.
Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.
„Диого Жота патувал со автомобил со својот брат бидејќи му било советувано да не користи авион по операцијата на белите дробови што ја имал“, објавија медиумите во Португалија и Англија.