Смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва го потресе целиот свет, особено спортските фанови… Денес беше погребот на двајцата браќа, а појавувањето на сопругата на Диого Жота, Рут Кардосо на гробиштата ги потресла сите.
Фото: Facebook / Seleções de Portugal Фудбалери на Ливерпул и на португалската репрезентација се собраа денеска во португалското гратче Гондомар на погребот на нивниот соиграч Диого Жота, кој загина заедно со својот помлад брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија во четвртокот.
Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.
Потиштена атмосфера владееше денеска пред црквата „Санта Марија“ во родниот Гондомар, каде што семејството, пријателите и илјадници навивачи им оддадоа последна почит на фудбалерите Диого Жота (28) и неговиот помлад брат Андре Силва (25). Двајцата го загубија животот во сообраќајната несреќа што во четврток ја потресе целата спортска јавност.