Во видео објавено на социјалните мрежи, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборува за конкретните придобивки од договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.
Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се отвораат нови можности за реални проекти кои директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните: брза железница, нови болници, подобри патишта и технолошка инфраструктура, порача меѓудругото министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој во видео објавено на неговите социјални мрежи зборува за конкретните придобивки од Договорот.