Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе го вклучи црвениот метео аларм, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) изнесе препораки за граѓаните, а Владата донесе Одлука.