1 (9) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 16:23 -> 24-Sep 20:14
.
.
.
.

Никола Мемов од ЗНАМ е новиот директор на ПИОМ

  • Мемов именуван за нов директор на ПИОМ

На денашната владина седница, портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов е именуван за нов директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). Мемов е дипломиран инженер-технолог.

На денешната владина седница, досегашниот портпарол на ЗНАМ, Никола Мемов, е именуван за директор на ПИОМ.

3 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 14:15 -> 24-Sep 21:16
.
.
.
.

Муртезани: Членките на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес

  • Муртезани на состанок на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел

Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Северна Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

На покана на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на официјалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК). – Ова е прво учество на министри од земји-кандидати за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото, велат од Министерството за европски прашања.

4 (101) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:34 -> 24-Sep 21:11
.
.
.
.

Над 270 луѓе загинаа во израелските напади во Либан, околу илјада ранети

  • Израелците не исклучуваат и копнена агресија во Либан,Хезболах на удар на силни воздушни напади

  • Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах

  • Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан

Сирените за воздушен напад се огласија во северниот дел на окупираниот Западен Брег поради информации за нов ракетен напад на Хезболах, соопшти војската.

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах.

7 (43) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:47 -> 24-Sep 17:15
.
.
.
.

ТРАМП: Мислам дека Зеленски е најголемиот бизнисмен во историјата, секогаш кога доаѓа во САД, тој си заминува со 60 милијарди долари

  • Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

  • Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

  • Трамп: Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

8 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 16:17 -> 24-Sep 17:35
.
.
.
.

Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа

  • Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Владата денеска донесе одлуки со кои се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа.

Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.

10 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 11:32 -> 24-Sep 20:48
.
.
.
.

НА ДВАЈЦАТА НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА Мицкоски до Ахмети за најавените протести и до Снопче за заканите со излегување од Владата

  • Мицкоски: Ако „Вреди“ сакаат да ја напуштат Владата – Нека им е со среќа

  • Нека му е со среќа, рече Мицкоски за најавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе законот за бранители

Нека му е со среќа – вака кусо и отсечно премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше најавата на пратеникот од Вреди Халил Снопче, кој синоќа го повтори ставот на албанската коалиција дека ќе ја напуштат Владата доколку се усвојат измените на Законот за бранители без да биде предвидено обештетување и за поранешните борци на ОНА.

Ако „Вреди“ планира да ја напушти Владината коалиција тогаш нека им е со среќеа рече денеска премиерот Мицкоски прашан за коментар на изјавата на Халил Снопче, пратнеик од Вреди кој вчера во телевизиско гостување рече дека ако помине Законот за бранителите тогаш тие ќе ја напуштат Владината коалиција.

Во изјава за медиуми, денес премиерот Христијан Мицкоски беше запрашан како планира да го реши тоа што го изјави заменикот на АА, Халил Снопче во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, дека доколку го изгласаат законот за бранители тие ќе ја напуштат Владата.

13 (16) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 10:45 -> 24-Sep 14:15
.
.
.
.

Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром

  • Мицкоски: За една година од мандатот инвестираме 21 милијарда денари во капитални проекти во општините

Во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром во општина Ѓорче Петров денеска беше поставен камен-темелник за изградба на спортска сала на површина од 476 квадратни метри.

Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето, изјави премиерот Христијан Мицкоски денес на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во Општина Ѓорче Петров „За разлика од минатото можам да кажам дека градоначалникот овде во Општина Ѓорче Петров заедно со дел од советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, заедно со пратениците во Парламентот, со пратеникот тука од Општина Ѓорче Петров, заедно со Министерството за образование и наука, во периодот којшто следи ќе имаат голем број инвестиции овде, но и оваа инвестиција денеска овде којашто е од буџетот на Општината, покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

90 (4) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 24-Sep 13:27
.
.
.

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

  • Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.