1 (67) ■ вести > свет ■ 21-Sep 08:19 -> 23-Sep 18:23
.
.
.
.

Бајден: Ќе направиме сѐ што можеме за да избегнеме проширување на конфликтот на Блискиот Исток

  • ИДФ изведе десетици воздушни напади врз јужен Либан

  • Нетанјаху: Го погодивме Хезболах на начин што не можеа ни да замислат

  • Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен за тензиите на Блискиот Исток и увери дека ќе стори сѐ што може за да избегне проширување на конфликтот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел „постапил против Хезболах на начин што не можеле ни да замислат“.

Либанската шиитска група Хезболах утринава соопшти дека Ахмед Вахби, висок командант кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во војната во Газа до почетокот на оваа година, бил убиен во израелски воздушен напад во предградие на Бејрут.

4 (8) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 16:31 -> 23-Sep 18:04
.
.
.
.

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

  • По пријавите за стомачни тегоби во Воената академија, ќе се испитува договорот со фирмата за исхрана на припадниците на Армијата

Во Министерството за одбрана (МО) е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана.

Во врска со пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пријавени на 12-ти септември, а поврзани со организираната исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана информира дека е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од Договорот.

5 (13) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 14:42 -> 23-Sep 16:21
.
.
.
.

Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија и борба против корупцијата

  • Мицкоски: Целта на оваа влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија

Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваше амбасадорот на Оединетото Кралство, Метју Лосон, како и претставниците на Обединети Нации и УНДП, Рита Колумбиа и Армен Григорјан.

Дозволете ми во својство на Претседател на Националниот совет за развој да ја отворам втората седница на Советот.

6 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Sep 11:42 -> 23-Sep 16:13
.
.
.
.

Јаревски: Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени

  • ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

  • Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

  • ВМРО-ДПМНЕ спинува, Пендаровски не се откажал од канцеларијата, туку од претседателската пензија

​Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица.

Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, на прес-конференција изјави дека Стево Пендаровски ги излажа граѓаните кога глумеше скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.

ДРАГАН МИШЕВ Соочени со серијата неуспеси на надворешно политички план, неколкуте катастрофални потези, дипломатските скандали што ни ги приреди претседателката Давкова, немоќта да го остварат предизборното ветување враќање на старото име на државата, критиките за игнорантскиот однос кон баранителите, непокачувањето на платите, доцнењето со мерките за одбрана на животниот стандард на граѓаните, како и зголемувањето на криминалните активности во земјава, во обид да ги дезавуира овие негативни процеси кои земаа замав, ВМРО-ДПМНЕ го прави она што отсекогаш највеќе го знаела и го правела, да спинува и манипулира.

12 (7) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 15:06 -> 23-Sep 16:24
.
.
.
.

Филипче-Спиропали: Северна Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат

  • ▷ Филипче-Спиропали: Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата.

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

181 (6) ■ бизнис > економија ■ 21-Sep 07:30 -> 21-Sep 11:42
.
.
.
.

Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври

  • ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ: Владата ја спакува есенската кошница со 73 производи кои ќе бидат поевтини до 31 октомври

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа . Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.