Министерството за здравство на Либан соопшти дека најмалку 50 луѓе се убиени, а повеќе од 300 се ранети, вклучително и деца, жени и медицински работници, во насилните . Ова се најмоќните воздушни напади против Хезболах од војната меѓу Израел и исламистичката милитантна група во 2006 година.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен за тензиите на Блискиот Исток и увери дека „ќе направи се што може“ за да избегне проширување на конфликтот.
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел „постапил против Хезболах на начин што не можеле ни да замислат“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан.