Од Обвинителството информираат дека водат предистрага за Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, поради што денеска до Кривичниот суд бил доставен предлог за одземање на неговиот пасош.
Приведен е поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Надлежниот јавен обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за кого се води истрага за злоупотреба на службената положба.
Скопскиот Кривичен суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство – Скопје за одземање на патната исправа и обврска повремено да се јавува во судот за поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, информираат од Судот за „360 степени“.