Полицијата попладнево соопшти дека инцидентот кој се случи утринава за време на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, кога возач на пикап удри во толпа луѓе и усмрти десет, а повреди 35 лица, бил „намерен“ и дека напаѓачот пукал во луѓето.
Десет лица загинаа, а 30 се повредени откако возило влета во поголема група луѓе во Њу Орлеанс на раскрсницата на улиците Канал и Бурбон, според официјалните информации на градската агенција за подготвеност за итни случаи, НОЛА Реди.
Осомничениот за пукањето во Њу Орлеанс е мртов, изјави федералниот службеник за спроведување на законот за Си-Ен-Ен. Индициите се дека осомничениот делувал намерно, рече службеникот.