Битолското обвинителство ќе го истражува случајот за мртвата мечка со која е сликан заменик директорот на Македонија пат.
Заменик директорот на Македонија пат и претседател на унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година, објави невладината организација за заштита на животните „Анима Мунди“.
Веста дека од страна на Битолското обвинителство е отворен предмет за фотографијата на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, сликан со застрелана мечка, животно со највисок степен на заштита во Македонија е добар чекор кон разрешница, доколку сакаме да се наречеме правна држава.
Основното јавно обвинителство од Битола денеска отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира Сашо Дранго, заменик-директор на „Македонија пат“.