1 (4) ■ вести > македонија ■ 14-Jan 16:54 -> 15-Jan 08:08
.
.
.

Повеќе улици од Карпош денеска без вода

  • Дел од Општина Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано два прекини во водоводната мрежа и тоа: – Поради промена на вентил од ф 2“ на улицата Никола Парапунов бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов во општина Карпош.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ известуваат дека за денеска имаат планирано два прекина во водоводната мрежа и тоа: – Поради промена на вентил од ф-2 мм на улицата „Никола Парапунов“ бр. 5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Никола Парапунов“ во Општина Карпош.

2 (36) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Jan 13:47 -> 14-Jan 23:39
.
.
.
.

Средба на Гаши со грчката амбасадорка Софија Филипиду

  • Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ

  • Гаши: Прашањата за разрешувања или оставки се во надлежност на Комисијата за избори и именувања и пратениците

  • СДСМ бара Гаши да каже што ќе преземе и кои се следните чекори по изгласувањето недоверба за Илире Даути

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Софија Филипиду.

Пратеничката на Алијансата за Албанците дел од „Европски фронт“, Илире Даути во пишана изјава до медиумите нагласува дека изгласаната интерпелација минатиот петок поднесена од Левица според донесениот заклучок значи нејзино разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието Африм Гаши попладнево преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, пренесува МИА.

„Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ, не може интерпелација да нема никаква правна последица“, велат од партијата Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара од претседателот на Собранието Африм Гаши да каже кои се следните чекори што ќе се преземат откако во петокот на пленарна седница беше изгласана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјални работи, демографија и млади Илире Даути.

4 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Jan 16:39 -> 14-Jan 18:27
.
.
.
.

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

  • НИКОЛОСКИ: Наследивме терен без работници, изведувач кој се спремаше за арбитража, фалеа 13 милиони евра, а денес имаме готов пат

  • Мицкоски: Пуштена е делницата Градско-Дреново, продолжува изградбата на автопатот од Прилеп до Битола

„Убаво е кога се отвораат капитални проекти.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес присуствуваше на отворање на пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешното свечено пуштање во употреба на експресниот пат Градско-Дреново истакна дека со пуштањето на овој пат, како и дел од пругата кон Бугарија и патот Куманово-Крива Паланка, се проекти кои ќе го одбележат почетокот на оваа година.

5 (34) ■ вести > свет ■ 13-Jan 10:24 -> 15-Jan 08:06
.
.
.
.

Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот в Појасот Газа

  • Постигнат конечниот нацрт на договорот за прекин на огнот во Газа

  • Напредок во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободување на заложниците

  • Бајден ги брани своите постигнувања во надворешната политика: Америка е посилна, нашите противници се послаби

Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници, изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.

По разговорите во Доха на кои присуствуваа шефовите на израелските разузнавачки служби, пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, претставник на администрацијата на Бајден и премиерот на Катар, беше изготвен документ и понуден на потпис на Израел и Хамас, објави белградска Политика.

Американските и арапските посредници постигнаа значителен напредок во посредувањето за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас и ослободувањето на десетици заложници кои сè уште се држат во Појасот Газа, но допрва треба да се постигне конечен договор, изјавија денеска официјални лица.

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во понеделникот се обиде дополнително да ги истакне своите постигнувања во надворешната политика, тврдејќи дека американските противници се послаби отколку кога тој ја презеде функцијата пред четири години, и покрај тековните глобални кризи.

8 (20) ■ вести > свет ■ 13-Jan 10:16 -> 14-Jan 19:56
.
.
.
.

Лавров: Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на Трамп за Украина

  • Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

  • Американски медиуми: Веројатните први потези на Трамп за американската енергетска политика

Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за војната во Украина, кога следната недела ќе ја преземе функцијата, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп утринава изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „многу брзо“ откако ќе ја преземе функцијата следната недела.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го максимизира производството на нафта и природен гас во САД – веќе на рекордно ниво – делумно со отстранување на она што тој го смета за непотребна регулатива и бирократија.

9 (36) ■ вести > македонија > хроника ■ 13-Jan 12:20 -> 13-Jan 20:28
.
.
.
.

Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам ќе се утврди кој го вршел прислушувањето

  • ЈАНКУЛОСКА ОСЛОБОДЕНА ЗА „ТВРДИНА“ Грујевски, Бошковски и Јакимовски добија затворски казни

  • Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за уништувањето на опремата за прислушување

  • Јанкуловска доби ослободителна пресуда за „Тврдина“ – екс-разузнавачите Грујевски и Бошковски 24 години затвор!

Откако денеска беше ослободена од вина во случајот „Тврдина“, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во објава на социјалните мрежи напиша дека борбата за правда продолжува.

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе пресуда за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување.

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата за „Тврдина“, делот од предмет за масовното прислушување на СЈО „Таргет-Тврдина“ што не застареа со измените на Кривичниот законик.

Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи, беше ослободена од обвинение во случајот „Тврдина“ поврзан со масовното прислушување.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија