Кривичниот суд денеска го отфрлил предлогот за определување мерки за претпазливост против поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, поднесен на 11 декември годинава, откако добил известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) дека тој не е достапен.
Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 мил. евра.
До Обвинителството нема доставено документ дека осомничениот поранешен директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски е недостапен на органите на прогонот, реагираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Реакцијата на Обвинителството доаѓа откако денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека е вчудовиден што Јавното обвинителство не му одредило притвор, како најстрога мерка од Законот за кривична постапка, на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е осомничен во случајот „Адитив“.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека е вчудовиден што Јавното обвинителство не му одредило притвор, како најстрога мерка од Законот за кривична постапка, на поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е осомничен во случајот „Адитив“.