Претседавачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент – АФЕТ, Дејвид Мекалистер денеска соопшти дека проширувањето на Европската унија повторно стана едно од најсилните надворешно-политички и геополитички алатки на ЕУ. -Проширувањето останува клучен двигател на долгорочната безбедност, мирот, стабилноста и просперитетот во Европа и претставува историска можност со значителни социо-економски, политички и безбедносни придобивки и за ЕУ и за земјите од проширувањето, објави Мекалистер на социјалната мрежа „Х“ по повод првата размена на мислења со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.