) – Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за злоупотреба на постапката за јавни набавки во врска со случајот „Државна лотарија“.
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П.Б. во својство на Претседател на Управен одбор- Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа Државна лотарија поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела, Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 в.в. став 1 и Соизвршителство по член 22 за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 2 в.в. став 1 од Кривичен законик, против А.А. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 2 вв став 1 и Соизвршителство по член 22 за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 в.в. со став 1 од Кривичен законик, против С.Р. во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата по член 354 став 3 в.в. став 1 од Кривичен законик, против М.З . во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, во периодот 2023 – 2024 поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата по член 354 став 3 в.в. став 1 од Кривичен законик и против правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 4 в.в. став 1 од Кривичен законик.