Артан Груби не побегна од Македонија, подготвен е да се појави пред органите на правдата, но не во одмаздничка и селективна правда,изјави за косовските медиуми, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е во посета на Косово.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој во моментов не е уапсен од истражните органи на Македонија и за кого веќе е распишана потерница. изречена е и меѓународна како мерка притвор, пренесува ТВ21.