Во 2024 година, „Алкалоид“ ја зацврсти својата позиција како лидер во иновациите и одржливото работење.
2024 година беше навистина активна година за Алкалоид, а и покрај сите предизвици со кои се носевме во текот на годината која изминува, „Алкалоид“ презентираше успешни резултати во работењето, рече генералниот директор на скопски „Алкалоид“, Живко Мукаетов, сумирајќи ја деловната година на компанијата во традиционалното новогодишно обраќање и истовремено посака среќни празници со добро здравје, среќа, успеси и повисоки достигнувања во следната година.