1 (8) ■ вести > македонија > регион ■ 09-Jan 09:09 -> 09-Jan 09:39
.
.
.
.

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПАТИШТА НА БУГАРИЈА ВИНОВНА ЗА НЕСРЕЌАТА СО „БЕСА ТРАНС“ - Окружниот суд во Перник им изрече казна

  • Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа на автопатот Струма во 2021 година, одлучи Окружниот суд во Перник

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник.

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник.

3 (16) ■ вести > свет > регион ■ 08-Jan 19:16 -> 09-Jan 09:44
.
.
.
.

Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан, на црна листа ќе се ставаат и деца на корумпирани

  • Бајден ги прошири санкциите кон оние што ги негираат или кршат Преспанскиот и Охридскиот договор

Претседателот на САД, Џо Бајден, донесе нова извршна наредба која ги проширува условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција што го поткопува владеењето на законот и довербата во демократското владеење и избегнувањето на санкциите на американската влада.

5 (6) ■ вести > македонија ■ 09-Jan 07:20 -> 09-Jan 09:24
.
.
.
.

УТРИНСКА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Еве каде има намалена видливост

  • Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Тетово – с. Гајре, од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80м. на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато.

14 (44) ■ вести > свет > еу ■ 07-Jan 08:02 -> 09-Jan 08:08
.
.
.
.

БЛИНКЕН: Идејата Гренланд да биде дел од САД не е добра

  • Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд

  • Данскиот крал го промени кралскиот грб поради интересот на САД за Гренланд

  • Трамп не ја исклучува можноста од испраќање војска да ги заземе Гренланд и Панамскиот канал

Според американскиот државен секретар на заминување Ентони Блинкен, идејата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Гренланд да стане дел од Соединетите држави „не е добра“.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на Панамскиот канал и ГренландТрамп, кој стапува на должност на 20 јануари, на прес-конференција во неговото одморалиште на Флорида ја претстави идејата за претворање на Канада во сојузна држава на САД, и вети дека ќе го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив.

Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска зборуваше од неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида и одговараше на прашања на новинарите.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија