1 (43) ■ вести > свет > еу ■ 07-Jan 08:02 -> 09-Jan 08:08
.
.
.
.

Франција по изјавата на Трамп за Гренланд: ЕУ нема да толерира напади на нејзините граници

  • ▷ ЕУ нема да толерира напади на нејзините граници, изјави Баро по коментарите на Трамп за Гренланд

  • Фредериксен: Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните

  • Доналд Трамп Јуниор во посета на Гренланд откако Трамп рече дека САД треба да го поседуваат островот

Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече шефот на француската дипломатија, одговарајќи на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз Гренланд.

Европската унија нема да дозволи други нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро како одговор на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд во врска со „сопственоста и контролата“ на огромниот арктички остров што е дел од Данска повеќе од 600 години.

Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен во врска со посетата на синот на Доналд Трамп на арктичкиот остров, откако неговиот татко предложи приклучување на територијата кон САД.

Најстариот син на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп пристигна во приватна посета на Гренланд што ги засили шпекулациите дека идната американска администрација би можела да се обиде да ја преземе контролата врз данската територија.

2 (37) ■ вести > свет ■ 07-Jan 08:18 -> 08-Jan 21:56
.
.
.
.

Трамп објави карта на која канада е дел од САД

  • Трудо: Нема теоретски шанси Канада да стане дел од САД

  • Трамп објави мапа на САД со Канада како 51. сојузна држава

  • АНАЛИТИЧАР – ТРАМП ГИ САКА ГРЕНЛАНД, КАНАДА И ПАНАМСКИОТ КАНАЛ, да го кажеше тоа „некој друг“, сега ќе беа во рововите

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп сподели мапа на неговата платформа „Truth Social“ на која е прикажана Канада како дел од САД.објавата следи по неговите повторени изјави дека Канада станала „51-ва земја“ од неговата изборна победа.

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.

Новизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска повторно предложи Канада да стане 51-та сојузна држава на САД, споделувајќи мапа на неговата мрежа Трут соушл (Truth Social) каде Канада е претставена како дел од САД.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп влегува во својот нов претседателски мандат со бомбастични изјави зад кои, ако се толкува сериозно и буквално, се крие стремеж за туѓи територии.

6 (8) ■ вести > балкан > регион ■ 08-Jan 19:16 -> 09-Jan 07:36
.
.
.
.

Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори

  • Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан – на црната листа и децата на корумпираните

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги прошири санкциите насочени кон категории на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на држави од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции и ангажирање во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократските институциите и избегнувањето на санкциите на американската влада.

Претседателот на САД, Џо Бајден, донесе нова извршна наредба за проширување на санкциите во врска со ситуацијата на Западен Балкан, пишува Гласот на Америка.

8 (12) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 08-Jan 13:34 -> 08-Jan 19:12
.
.
.
.

МВР поднесе кривична против поранешниот началник на Одделот за водухопловни единици од Куманово – го оштетил буџетот за 15 илјади евра

  • Кривична пријава за екс началник во МВР

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот началник на Одделот за воздухопловни единици, Н.А. од Куманово поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

11 (10) ■ вести > македонија ■ 08-Jan 14:47 -> 09-Jan 08:00
.
.
.
.

Ќе има засилени контроли за да се открие кој загадува - Ресорното министерство со препораки

  • Министерството за животна средина ги повика сите институции да ги извршуваат обврските за да има почист воздух

Во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на кубен метар и неповолни временски услови, што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Скопје поинтензивно да си ги извршуваат своите обврски во согласност со акцискиот план за грејната сезона 2024 – 2025.

„Во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на метар кубен и неповолни временски услови што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги повикува сите надлежни институции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“-велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

12 (7) ■ вести > македонија ■ 08-Jan 15:00 -> 08-Jan 22:01
.
.
.
.

Деаноски: Ќе има огромен егзодус на вработени од јавниот сектор доколку не им се покачат платите за 30 проценти

  • Вработените во Државното правобранителство од денеска стапија во штрајк, од следната недела ќе им придружат уште четири министерства

Нема Министерство или институција во која досега одржавме состанок каде раководителите и менаџерите самите не се свесни дека ќе има огромен егзодус на вработени доколку во најбрз можен рок не се покачат платите за 30 проценти – порача вечерва претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Вработените во Државното правобранителство од денеска стапија во штрајк и ќе работат само на итни предмети се додека не ги добијат бараните 30 отсто додаток на плата, а од следниот вторник со истото барање почнуваат со протести најмалку четири министерства, вели претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски.

14 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Jan 07:15 -> 08-Jan 12:12
.
.
.
.

ПЕТОК ПРВ РАБОТЕН ДЕН ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ ГОДИНАВА Ќе расправаат за интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ и Тошковски

  • Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата пленарна седница неколку интерпелации

Во петок пратениците се враќаат на работа, а на првата пленарна седница закажани се интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Иљире Даути.

Во петок пратениците се враќаат на работа, а на првата пленарна седница закажани се интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Иљире Даути.

Повеќе од
оваа категорија

19 (5) ■ спорт ■ 08-Jan 20:54 -> 08-Jan 22:16
.
.
.
.

Македонија пружи отпор, но загуби на „генералката“ пред СП

  • Македонија одлична во Вараждин, ја намачивме големата Хрватска!

Ракометарите на загубија на последниот тест пред Светското првенство против домашната селекција на со 27-25 (13-14). Пружија избраниците на Кирил Лазаров солиден отпор, долго време беа рамноправни и во меч на „неколку топки“ претрпеа неуспех во . Тргнаа Хрватите со два погодоци, а потоа возвратија и нашите ракометари за 2-2. Првпат поведовме преку Атанасијевиќ (3-4). Следеше период кој им припадна на домаќините и Хрватска поведе со 7-5. Стигнаа домашните ракометери и на „плус три“ (9-6). Успеа Македонија да се консолидира и со головите на Атанасијевиќ, Серафимов и Џонов стигна до егал пред полувремето (11-11). Се одржавме во резултатски егал, а по нова контра Џонов донесе прво наше водство (13-14). Во нашиот табор се истакна Николче Митревски кој собра осум интервенции, дел од нив во клучни моменти.

Ракометната репрезентација на Македонија во неизвесен меч загуби во Вараждин од Хрватска со 27-25 на генералната контрола пред почетокот на Светското првенство.

Повеќе од
оваа категорија