1 (7) ■ вести > македонија > регион ■ 09-Jan 09:09 -> 09-Jan 09:36
.
.
.
.

БУГАРСКИТЕ ПАТИШТА ДЕЛУМНО ОДГОВОРНИ ЗА СМРТТА НА 45 МАКЕДОНЦИ По 20.000 лева за семејствата на жртвите од несреќата кај Струма

  • Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа на автопатот Струма во 2021 во која загинаа 45 македонски државјани

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник.

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник.

3 (15) ■ вести > свет > регион ■ 08-Jan 19:16 -> 09-Jan 09:21
.
.
.
.

Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан, на црна листа ќе се ставаат и деца на корумпирани

  • Бајден го прошири опсегот на санкции за Западен Балкан пред крајот на неговиот мандат

Претседателот на САД Џо Бајден денес донесе извршна наредба за преземање дополнителни чекори во однос на ситуацијата во Западен Балкан, проширувајќи ги условите за лица кои можат да бидат санкционирани.

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции и ангажирање во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократското владеење и избегнување на санкциите на американската влада, пренесува Радио Слободна Европа.

4 (6) ■ вести > македонија ■ 09-Jan 07:20 -> 09-Jan 09:24
.
.
.
.

УТРИНСКА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Еве каде има намалена видливост

  • Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Тетово – с. Гајре, од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80м. на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато.

12 (44) ■ вести > свет > еу ■ 07-Jan 08:02 -> 09-Jan 08:08
.
.
.
.

БЛИНКЕН: Идејата Гренланд да биде дел од САД не е добра

  • Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд

  • Данскиот крал го промени кралскиот грб поради интересот на САД за Гренланд

  • Трамп не ја исклучува можноста од испраќање војска да ги заземе Гренланд и Панамскиот канал

Според американскиот државен секретар на заминување Ентони Блинкен, идејата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Гренланд да стане дел од Соединетите држави „не е добра“.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на Панамскиот канал и ГренландТрамп, кој стапува на должност на 20 јануари, на прес-конференција во неговото одморалиште на Флорида ја претстави идејата за претворање на Канада во сојузна држава на САД, и вети дека ќе го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив.

Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска зборуваше од неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида и одговараше на прашања на новинарите.

13 (37) ■ вести > свет ■ 07-Jan 08:18 -> 08-Jan 21:56
.
.
.
.

Трамп објави карта на која канада е дел од САД

  • Трудо: Нема теоретски шанси Канада да стане дел од САД

  • Трамп објави мапа на САД со Канада како 51. сојузна држава

  • АНАЛИТИЧАР – ТРАМП ГИ САКА ГРЕНЛАНД, КАНАДА И ПАНАМСКИОТ КАНАЛ, да го кажеше тоа „некој друг“, сега ќе беа во рововите

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп сподели мапа на неговата платформа „Truth Social“ на која е прикажана Канада како дел од САД.објавата следи по неговите повторени изјави дека Канада станала „51-ва земја“ од неговата изборна победа.

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.

Новизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска повторно предложи Канада да стане 51-та сојузна држава на САД, споделувајќи мапа на неговата мрежа Трут соушл (Truth Social) каде Канада е претставена како дел од САД.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп влегува во својот нов претседателски мандат со бомбастични изјави зад кои, ако се толкува сериозно и буквално, се крие стремеж за туѓи територии.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија