1 (115) ■ вести > македонија > политика ■ 17-Sep 07:30 -> 19-Sep 22:13
.
.
.
.

Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати

  • Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

  • Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел

  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

На денешните средби со претставниците на ЕУ ја афирмиравме посветеноста на новата Влада за продолжување по патот кон полноправно членство на земјата во Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински на крајот на работната посета на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на Брисел.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија.

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

7 (85) ■ вести > свет ■ 17-Sep 16:15 -> 19-Sep 22:06
.
.
.
.

Најмалку деветмина загинати во експлозии на воки-токи во Либан

  • Во Либан нов бран експлозии преку рачни радио станици, повредени повеќе од сто лица

  • Хезболах со ракети нападна израелски артилериски позиции на Западна Галилеја

  • Израел стои зад смртоносните експлозии на пејџери што беа насочени кон Хезболах и ранија илјадници во Либан

Во вториот бран експлозии во Либан загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 300 се ранети, што ги подгреа стравувањата од сеопфатна војна на Блискиот Исток, јави Ал Џезира.

Еден ден откако илјадници членови на Хезболах беа ранети, а некои убиени, во Либан се пријавени неколку експлозии преку рачни радио станици, во кои се повредени повеќе од сто лица.

Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека ги нападнала израелските артилериски позиции со ракети, што е прв прекуграничен напад по серијата експлозии на пејџери во Либан во вторникот.

Хезболах вети дека ќе одговори на вчерашниот израелски напад во кој се убиени неколку луѓе и рани илјадници низ Либан, кога пејџери што припаѓаат на членови на групата поддржана од Иран експлодираа речиси истовремено, што откри масивен безбедносен пробив и ја покажа големината на израелското разузнавање, објави Си-Ен-Ен, пренесе МИА.

8 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Sep 20:59 -> 19-Sep 22:05
.
.
.
.

Николоски: Создаваме услови за намалување на цените на телекомуникацискиот пазар, дуополот на македонскиот пазар ги осиромашува граѓаните

  • Николоски: Не е нормално да плаќате телекомуникациски пакет од 5100 денари, кога платата е 23000 денари

Македонскиот пазар функционира како дуопол и затоа се обидуваме да ги намалиме цените на услугите.

За трет мобилен оператор нормално е да има тендер, не се фаворизираат компании, но добро е што други оператори веќе пројавуваат интерес да влезат на македонскиот пазар и евентуално да ја зголемат конкуренцијата, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во вечарашната емисија “Само интервју” на ТВ Канал 5. Македонскиот пазар функционира како дуопол и затоа се обидуваме да ги намалиме цените на услугите.

Повеќе од
оваа категорија

34 (7) ■ спорт > кошарка ■ 19-Sep 15:48 -> 19-Sep 17:29
.
.
.
.

Министерството за спорт ќе ја исплати премијата на македонската кошаркарска репрезентација за првото место на ЕП (18) од Б дивизија

  • Министерството за спорт ќе исплати 3 милиони денари на младите кошаркари за првото место на ЕП

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори.

Повеќе од
оваа категорија

300 (4) ■ сцена > култура ■ 17-Sep 07:54 -> 17-Sep 11:10
.
.
.
.

Отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ со „Црнила ремикс“

  • Вечерва ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ со „Црнила ремикс“

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, вечер ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер на ова современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ.

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, вечер ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер на ова современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ.