1 (14) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 07:00 -> 23-Sep 09:11
.
.
.
.

Земјотрес со епицентар во подрачјето на Скопје

  • Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Земјотрес со локална магнитуда од 3,4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2,02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, 23.09.2024 година, во 2 часот и 2 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Повеќе од
оваа категорија

69 (4) ■ спорт ■ 21-Sep 08:57 -> 23-Sep 07:47
.
.
.
.

Алкараз го донесе клучниот поен – Европа го освои Лејвер купот

  • Зверев и Алкараз надиграни, Светот израмни на Лејвер Купот

Екипата на Европа го освои годинашното издание на Лејвер купот, откако во неверојатниот последен ден успеа да ја анулира негативата против тимот на Светот и на крајот да слави со вкупни 13-11. Клучниот поен за тимот на Европа го донесе еден од најдобрите тенисер во светот, Карлос Алкараз кој во одлучувачкиот меч славеше над финалистот од УС опен, Американецот, Тејлор Фриц со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 7-5. Покрај Алкараз во тимот на Европа беа и: Данил Медведев, Александер Зверев, Стефанос Циципас и Каспер Руд.

Во Берлин на програмата е Лејвер купот, а по првиот натпреварувачки ден резултатот е израмнет 2-2. Втората победа на Тимот на Светот му ја донесе двојката Бен Шелтон - Тејлор Фриц.

94 (6) ■ бизнис > економија ■ 21-Sep 07:30 -> 21-Sep 11:42
.
.
.
.

Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври

  • ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ: Владата ја спакува есенската кошница со 73 производи кои ќе бидат поевтини до 31 октомври

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа . Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.